Третиот блок го токми тимот за избори-Павле во „единицата“, Љубчо во „тројката“, Љубе во „петката“?

by Фокус 14:06
14:06

Политичките партии што треба да формираат десноориентиран опозициски блок за претстојните парламентарни избори начелно постигнале договорен за формирање на предизборна коалиција, па сега водат преговори од технички карактер, вели за Фокус Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз.

Трајанов објаснува дека моментално се подготвува политичката платформа, но истовремено се готват и пратеничките листи, така што, според него, најверојатно тој ќе ја предводи листата во првата скопска изборна единица, лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски во третата штипско-велешка ИЕ, лидерот на ОМ Љубе Бошкоски во петтиот охридско-битолски изборен регион…

- Advertisements -

-Треба да видиме што ќе правиме со шестата и четвртата изборна единица. Чекаме да се врати Стојанче Ангелов од Ирак па да го затвориме ова прашање. Стои отворена и опцијата носителското место во некоја изборна единица да го дадеме на претставник од невладиниот сектор, но се уште е рано – истакнува лидерот на ДС.

В.С.

Поврзани новости