Третина од луѓето со потврден Ковид 19 немале никакви симптоми

by Фокус

Од пријавените 1.117 случаи на Kовид-19, 20,7 проценти се или биле хоспитализирани во текот на болеста, додека останатите случаи се на домашно лекување и во домашна изолација, со полесна клиничка слика.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во поглед на симптомите најчесто е регистрирана температура (64,3 отсто), по што следува кашлица (54,1 отсто), малаксаност (32,3 отсто), треска (18,5 отсто), главоболка (17,5 отсто), болка во грло (15,7 отсто) и отежнато дишење (14,1 отсто), додека кај 33,8 проценти од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Според извештајот од ИЈЗ, кај 308 лица се присутни една или повеќе хронични здравствени состојби, при што 204 лица имаат кардиоваскуларна болест, 64 лица се со хронична белодробна болест, 60 со дијабет, 15 со хронична бубрежна болест и 51 со други хронични заболувања.

Досега 139 случаи се водат како оздравени и тие се испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување, додека регистрирани се 49 смртни случаи.

Поврзани новости