Таравари: Смртноста кај новороденчињата и мене ме погодува

by fokus

Министерот за здравство, Арбен Таравари, со нов статус на социјалните мрежи вели дека е загрижувачка високата стапка на смртност кај новороденчињата во Македонија. „Немам магично стапче, но имам волја да го подобрам здравството“, посочува тој.

„Чувствувам должност но и одговорност да ви се обратам во врска со најважната битка во нашето здравство. Битка која за жал многу медиуми ја користат за собирање на поени за одредени политички партии но и најпоразително од се, битка која за жал, неуспешно била водена во изминативе 25 години – битката за нашите новороденчиња.

Јас, како и никој друг, немам магично стапче. Загрижувачката бројка на смртност кај новороденчињата и мене ме погодува, не само како министер туку и како човек и како родител. Не, јас немам магично стапче. Но имам волја.

Имам упорност. Имам одлучност и најважно од се, сигурност, дека Македонија треба, мора и ќе има подобро здравство.

Се додека седам на ова столче, ветувам дека мој приоритет ќе бидат децата бидејќи тие се наша иднина, наша светлина и наша гордост. И оваа битка ќе ја водиме за нив. Бидејќи тоа тие го заслужуваат од нас.“, пишува Таравари.

Поврзани новости