Трета ослободителна пресуда за „Изгрев“ по 12 години судење

by fokus

Пред два дена, по 12 години судење, во Кривичниот суд беше донесена трета ослободителна пресуда за случајот „Изгрев“, поточно за еден дел, бидејќи низ годините предметот се подели на два дела.

-Во однос на пресудата за предметот во јавноста познат како „Изгрев“ ве известуваме дека на 21.09.2021 година на јавна седница донесена е првостепена пресуда за предметот со КОК бр 88/15 кој е раздвоена постапка за конкретниот предмет со која обвинетите Д.М. за кривичното дело од чл.353 ст.3 вв ст. 1 вв со чл. 23 односно Потикнување и обвинетите М.К., М.О., С.П. и М.Н. за кривичното дело од чл 353 ст. 3 вв ст.1 вв со чл. 22 односно Соизвршителство, се ослободуваат од кривично гонење.

За сите останати обвинети како и за другите кривични дела за дел од наведените обвинети постапката продолжува, ни одговорија од Кривичниот суд.

Случајот „Изгрев“ во судница влезе во 2009 година, кога браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови беа обвинети за финансиски малверзации и за манипулации со хотелот „Изгрев“, а за помагање беа обвинети неколкумина адвокати, судии, нотари. Приведувањето на осомничените се случи кога Македонската православна црква на јавна лицитација повторно ја поврати сопственоста на хотелот.

Со првата првостепена пресуда, браќата беа осудени на 6,5 години затвор, но оваа одлука беше укината од Апелација и случајот беше вратен на повторно судење. Подоцна, на повтореното судење, добија помали казни, но случајот повторно падна на Апелација, по што започна судењето по трет пат. Потписник на ова обвинение беше обвинителката Гордана Гешковска.

Валентина Вурмо

Поврзани новости