Трет пат во рок од седум месеци обиен штабот на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци

by fokus 14:48
14:48

Насилници причиниле материјална штета и изнеле партиска документација вчера во доцните часови, кога насилно влегле во штабот на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци – известија денес од партијата.

-Цел на сторителот биле партиските информации. Случајот е пријавен во МВР, а екипи на полицијата извршија увид. Ова е трет вандалски чин врз имотот на партијата во градот за период од седум месеци. За претходните два нема завршница, истото го очекуваме и за овој – реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци.

- Advertisements -

-21-април и 5-ти мај се почетокот на крајот на оваа неуспешна приказна за Македонија. На чело со Гордана Силјановска Давкова како претседател на Република Македонија ќе почне падот на СДСМ – изјавија од ВМРО ДПМНЕ Кавадарци.

Поврзани новости