Тренерот на Рајо по победата над Реал Мадрид: Сега можам мирно да умрам!

by Fokus

Тренерот на Рајо Ваљекано, Пако Хемес не знаеше каде се наоѓа од радост по победата со 1:0 над Реал Мадрид во дуелот од 35-тото коло на Ла Лига.

– Одигравме одличен натпревар против еден од најдобрите тимови во светот. Тоа дека во Реал немаат мотивација, не ги омаловажува нашите заслуги. Игравме над своите можности. Сега можам мирно да умрам, бидејќи видов како Рајо го победува Реал, прокоментира Хемес.

Всушност, ова не е првиот успех на Рајо над Реал. Во февруари 1997 година „белите“ исто губат со 0: 1 како гостин. Од тој момент до синоќа двата тима играат 19 натпревари, а во 18 победник е Реал, а еднаш одигруваат нерешено.

Поврзани новости