„Транзицијата ја осиромаши Македонија, а оваа власт ја дозакопа!”

by Фокус

Со боја врз Министерството за економија  и Агенцијата за вработување заврши  вечерашниот протест на Шарената револуција.

Граѓаните вечерва го дигнаа гласот против социјалната нееднаквост и лошите политики за вработување.

Нивната главна парола беше „Младите се иселија, партијата се вработи”, со која го потенцираа нивниот револт кон без перспективата што ја чувствуваат во својата земја.

„Мојата сестра е три години во Америка. Тоа е она што најмногу ме боли. Во моментов живееме во држава каде 600 000 се имаа иселено. Тоа се наши блиски луѓе кои можеа многу да направат за оваа држава, но оваа власт ги избрка!” – порача Петар Антевски, еден од демонстрантите кои јавно говореше пред Министерството за економија.

Демонстрантите порачаа дека чувствуваат дека слободата е блиску и нема да се откажат од нивната борба. Како и деновите претходно, тие закажаа протест и за утре во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости