„Транспортер“: Владимир Талески осуден на осум години затвор

by Fokus

Екс градоначлникот на Битола, Владимир Талески е осуден на осум години затвор.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска судијката Добрила Кацарска ја изрече првостепената пресуда за случајот „Транспортер“ кој го покрена СЈО против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20 лица.

Предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

И останатите 20 обвинети со денешната пресуда се прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Оштина Битола во времето на мандатот на Талевски, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни.

Поврзани новости