Транспорт и врски: СДСМ лаже за затворањето на автопатот

by Фокус 18:27
18:27

Министерството за транспорт и врски реагираше на обвинувањата на СДСМ за затворањето на обиколницата, за кои вели дека се лаги и невистини.

-Очигледно на СДСМ не им е грижа за граѓаните, па сега ја користат и уметноста да објавуваат лаги и невистини користејќи ја секоја ситуација за да дојдат до гласовите на граѓаните. На денешната прес конференција, господинот Бочварски изнесе еден куп лаги и невистини, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

- Advertisements -

Според Министерството, лага е дека скопската обиколница е целосно затворена за сообраќај 37 дена. Таа ќе била затворена 16 работни дена и тоа во период од 07 часот до 19 часот.

-Втора лага што СДСМ ја соопшти е во врска со средствата што продукцијата ќе ги уплати за користење на автопатишата во Република Македонија во висина од 78 илјади евра. Не е точно дека се 78 илјади евра, се работи за два договори од околу 17, 5 милиони денари, од кои 12, 7 милиони денари за договор што со ЈП за државни патишта го постигнаа како надоместат за затворање на патарините во деновите кога ќе се снима филмот и 4,8 милиони денари договор со ЈП Македонија пат за реконструкција на регионалниот пат Велес- Градско, се вели во реакцијата.

Поврзани новости