ТРАНСКРИПТ 3, презентиран од Заев: „Тој Сашо Mијалков што беше директор тој зеде 100.000 евра“

by Фокус

Разговор меѓу Бекир Асани и Али Ахмети

Б – На работа си денес или не?
А – Денес е празник, независноста.
Б – Празник на независноста на РМ.
А – Аха.
Б – Многу добро. Тогаш утре наутро кога ќе дојдеш на работа би сакале да се сретнеме малку , јас ти и Изет (Меџити) ако има можност, ако не ………. (не се доискажува)
А – Добро де. После, зашто имам една средба во Влада, значи попладне околу 16:30, кога ќе излезам јас од таму ќе се сретнеме кај „ШКУПИ“.
Б – Имаш (средба) со НГ или со овие нашите?
А – Со НГ.
Б – Токму поради тоа е добро да ……. (не се доискажува) одлучиле да не не остават раат во Чаир, прават галама на сите страни.
А – Што прават?
Б – Откако се затворија некои работи целосно тој сега кренал „прашина“ во Чаир за тоа спроти Амбасадата (на САД). Тие почнале да кречат , тој им го зел имотниот лист, им ја вратил процедурата , сега без врска му текнало , крева прашина за 5 дена да им го земат имотниот лист.
А – Аха.
Б – Доколку ти рече тој нешто, ако крева прашина, ти речи му тоа, тоа и тоа, ваква е работата, доколку ти рече нешто слободно кажи му „твојот зеде 100 000 евра за работа во Чаир“, зашто тој Сашо Mијалков што беше директор тој зеде 100 000 евра , ти кажав тогаш.
А – Аха, аха.
Б – Ама треба да ни помогнеш тука.
А – Доколку го покрене (како прашање, проблем) ќе разговарам ако не тогаш ќе ја тераме преку тие другите.
Б – ОК. Тогаш добро е да се видиме кога ќе излезеш од таму. Тој не верувам дека ќе го покрене но ти не е лошо да му кажеш еден збор.
А – Аха. Ќе ја покренеме преку тие од транспорт после.
Б – Тој ги прави проблемите зашто таа директорката ги затвори сите процедури , сега Министерот за транспорт со наредба на Премиерот влегол.
А – Аха. Ајде откако ќе се сретнам јас ќе се видиме и ќе ја видиме оваа работа.
Б – ОК. Ние ќе почнеме од вечер со работа на Собранието на Огранокот.
А – Добро де.
Б – Денес ќе го имаме првиот состанок на месните совети и ограноци и од денес ќе ја формираме работната група но ќе ве информираме со записник.
А – Добро.

Поврзани новости