Трамп забрани пристап во Белата куќа на Си-Ен-Ен, Би-Би-Си, Њујорк Тајмс и други

by fokus

Белата куќа под раководство на Доналд Трамп, одлучи да забрани пристап за Си-Ен-Ен, Би-Би-Си, Њујорк Тајмс, Ел Еј Тајмс, Њујорк Дејли Њуз, Дејли Мејл и уште неколку други медиуми за брифинзи, а дозволиле да пристап за т.н провладини медиуми кои пишуваат во корист на новата администрација.

Веднаш по оваа одлука, Асоцијацијата на дописници од Белата куќа излегоа со критика.

– Цврсто протестираме против начинот на кој Белата куќа постапува. Ги охрабруваме организациите на кои им беше дозволено да влезат да го споделат материјалот со останатите. За ова ќе разговараме со луѓето од администрацијата, се вели во изјавата на Асоцијацијата.

Поврзани новости