Трамп за обвинението: Ова е политички прогон, овој „лов на вештерки“ ќе му се врати на Бајден

by Fokus

Големата порота на Менхетен гласаше за обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-Ен-Ен три извори запознаени со случајот.

Во меѓувреме, откако жирито на Менхетен го изгласа обвинението за наводни исплати на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс, се огласи и Доналд Трамп.

„Ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата. Од времето кога се симнав по златниот ескалатор на Трамп Тауер, па дури и пред да положам заклетва како ваш претседател на Соединетите Американски Држави, радикалните леви демократи – непријателот на вредните мажи и жени на оваа земја – беа ангажирани во лов на вештерки за да го уништат движењето Направете ја Америка повторно голема“, рече Трамп.

„Демократите лажеа, мамеа и крадеа во нивната опсесија да се обидат да го „добијат Трамп“, но сега го направија незамисливото – обвинија целосно невина личност за чин на бесрамно мешање во изборите. Овој „лов на вештерки ќе му се врати на Бајден“.“, додаде Трамп.

 

Поврзани новости