Трамп за демонстрантите: Ме радува нивната страст за Америка

by fokus

Демонстранти од повеќе градови веќе втор ден протестираат на улиците против изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД.

Најтензично беше во градот Портланд, во сојузната држава Орегон, каде протестите ескалираа кога илјадници демонстранти почнале да кршат прозорци и возила, да фрлаат со пиротехнички средства и да палат контејнери.

Присутните биле претежно млади луѓе кои предупредуваат дека претседателството на Трамп ќе предизвика поделби на расна и на родова основа.

На протестите се огласи и претседателот Трамп, кој денеска за реазлика од вчера, ги пофали протестите.

-Ми се допаѓа фактот што мала група демонстранти имаат страст за нашата голема земја. Ние сите ќе се здружиме заедно и ќе бидеме горди-напиша Трамп на Твитер.

Претходниот ден пак, новиот претседател ги обвини демонстрантите дека биле „професионални демонстранти“ поттикнати од медиумите.

Поврзани новости