Трамп со фолк, Бајден со поп музика станува претседател!

by Fokus

Џо Бајден денес официјално ќе стане 46-от претседател на САД, а инаугурацијата ќе се започне во 11 часот. Како за време на положувањето заклетва на неговите претходници, и за Бајден е предвидена музичка церемонија на која ќе настапат познати ѕвезди.

На голем подиум поставен наспроти Националниот трговски центар, националната химна ќе ја пее Лејди Гага на скалите во Капитол Хил, а пак Џенифер Лопез ќе одржи музички перформанс. За разлика од инаугурацијата на Бајден, каде за музичкиот дел се задолжени големите поп ѕвезди, за време на положувањето заклетва на неговиот претходник, Доналд Трамп на 20-ти јануари 2017 година, настапи хорот од државниот универзитет Мисури со песната „Now We Belong”.

Ден пред положувањето на заклетвата пак, на 19-ти јануари, Трамп беше домаќин на голем концерт кој го посвети на неговите поддржувачи, а на кој настапија голем број на познати кантри музичари. Ли Гринвуд, Тоби Кит, Три дорс даун, армиски хор и други изведувачи на традиционалната фолк / кантри музика, настапија на големиот музички настан проследен со огномет.

Во тој период во светските медиуми беа актуелни објавите дека популарни поп музичари одбиле да настапат на инаугурацијата на Трамп, бидејќи не ги поддржувале неговите политички ставови. Помеѓу оние кои му кажале „Не” на Трапм, се спомнуваа Андреа Бочели, Елтон Џон, Селин Дион, Шер и многу други.

Поврзани новости