Трамп: Северна Кореја ги прекина нуклеарните тестови, голем напредок и добра вест за светот

by fokus

Претседателот на САД, Доналд Трамп реагираше веднаш на „Твитер“ на веста дека Северна Кореја ќе ги прекине тестовите на балистички проектили со долг дострел и планира затворање на полигоните за тестирање на нуклеарни бомби.

– Северна Кореја се согласи да ги прекине сите нуклеарни тестови и да го затвори големиот полигон за тестирање. Ова е многу добра вест за Северна Кореја и за светот – голем напредок! Со радост го очекувам самитот, напиша Трамп на „Твитер“.

Поврзани новости