Трамп се закани на Турција

by Fokus 19:08
19:08
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека „ќе ја уништи економијата на Турција доколку Анкара направи нешто во Сирија, за кое тој во својата “голема и неспоредлива мудрост“, ќе се сфати дека е дејствување „надвор од границите“, пренесе ДПА.
Вонредното предупредување на Трамп кон својот сојузник во НАТО беше упатено веднаш откако Белата куќа го соопшти повлекувањето на американските војници од турско-сириските гранични реони.

Со оваа одлука Вашингтон се чини дека на Анкара и даде зелено светло да ги нападне Курдите, и покрај тоа што тие војуваат заедно со американските сили против блискоисточната терористичка група Исламска држава во Сирија.

Последните твитови на Трамп доаѓаат на одгласите за бурни критики од редица негови соработници во Републиканска партија „за тоа дека ги предал Курдите“.

- Advertisements -

„Ако Турција направи нешто што јас по своја голема и неспорделива мудрост го сметам за надвор од границите, целосно ќе ја уништам турската економија ( што сум го правел и претходно!)“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Поврзани новости