Трамп предлага да се фрлаат нуклеарки против ураганите

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп предложил да се фрлаат нуклеарни бомби против ураганите пред да ги погодат Соединетите Американски Држави, пренесува американскиот веб-страница Аксиос.

Според Аксиос, на состанокот за ураганите, претседателот Трамп прашал дали е можно да се фрли атомска бомба кон ураганот за да се спречи тој да се формира над водата. Веб-страницата не соопштува кога се случила средбата.

Предлогот на Трамп не е нова работа. Првично тоа беше направено во 1950-тите години од страна на научник кој работел за претседателот Двајт Ајзенхауер.

Белата куќа не го коментираше текстот на Аксиос.

Поврзани новости