Трамп повторно ги откачи новинарите

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржи собир во Висконсин, истата ноќ кога се одржи и годишната вечера на репортерите од Белата куќа во Вашингтон, со што третпат по ред нема да присуствува на тој настан.

Собирот во Висконсин на 27 април е најавен од кабинетот на Трамп, во рамки на неговата кампања. Тој во оваа сојузна држава освои тесна победа во 2016 година.

Трамп ја одбива поканата за вечера со новинарите трета година по ред, иако на неа присуствувал додека не бил претседател. Претходно овој месец Трамп средбата со новинарите ја нарече „досадна и негативна“.

Неговите претходници редовно присуствувале на вечерите секоја година, каде биле мета на комични скечеви, кои често се многу остри. Вообичаено е здружението на новинарите да кани комичари кои обично на шеговит начин ги критикуваат политичарите и медиумските личности.

Оваа година фокусот на вечерата на репортерите ќе биде ставен на новинарството, по критиките дека тоа драстично отстапило од своите принципи.

Поврзани новости