551
Само еден ден откако беше избран за иден претседател на САД, Доналд Трамп почна да ги омекнува ставовите со кои ловеше гласови.
Денеска од неговата официјалната веб страница беше избришано едно од неговите најконтраверзни ветувања во текот на кампањата: дека ќе забрани влез за муслимани во САД.
Неговите најжестоки поддржувачи почнаа да го искажуваат своето незадоволство од ваквиот тек на настаните и упатуваат критики преку социјалните мрежи.