Трамп побарал од музејот Гугенхајм слика од Ван Гог, а тие му понудиле златна тоалетна шолја

by fokus

Белата куќа побарала го побарала од Музејот Гугенхајм од Њујорк делото „Пејзаж со снег“ на холандскиот сликар Винсент Ван Гог, за привремено да ги краси приватните простории на претседателот, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија. Музејот го одбил барањето и симболично понудил алтернатива –тоалетна шолја од 18 каратно злато.

Кураторката на Гугенхајм Ненси Спектор одговорила на барањето од Белата куќа уште во септември.

„Со жалење ве известуваме дека нема да бидеме во можност да ви ја позајмиме сликата бидејќи е дел од збирката Танхаузер што не смее да биде изнесувана од музејот освен во исклучителни околности“, стои во објаснувањето од Спектор.

Понатаму таа додава дека се подготвени да ја понудат златната шолја на италијанскиот уметник Маурицио Кателан и тоа како „долгорочна позајмица“.

„Секако, многу е вредна и деликатна, но ќе ви ги пратиме сите инструкции како правилно да ја наместите и користите“, додава кураторката.

Белата куќа не излезе со коментар за ваквиот развој на настаните.

 

Поврзани новости