Трамп планира да го напушти Вашингтон утрото на 20 јануари кога е инаугурацијата на Бајден

by fokus 17:42
17:42

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го напушти Вашингтон утрото на 20 јануари кога е инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден, иако размислувал да замине на 19 јануари, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор запознат со ситуацијата.

„Тој не сака да замине како екс-претседател, ниту да го позајми претседтелскиот авион…Неговиот тим работи на собирање голем број негови приврзаници кои ќе го испратат“, наведува изворот.

- Advertisements -

Трамп, кој веќе објави дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален говор во базата Ендрус, недалеку од Вашингтон, каде што е стациониран претседателскиот авион „Ер форс уан“.

Според изворот, тој потоа ќе отпатува за Палм Бич, Флорида, во неговиот клуб Мар-а-Лаго.

Поврзани новости