Трамп: Нека почне трката во вооружување!

by fokus

Новиот претседател на САД, Доналд Трамп ја заостри реториката во врска со нуклеарното вооружување. Тој на Твитер повика на зајакнување на американските нуклеарни капацитети, по слична изјава дадена неодамна од рускиот претседател Владимир Путин.

-САД мора во голема мерка да ги засилат и да ги прошират нуклеарните капацитети се додека светот не се вразуми во врска со нукеларното оружје- напиша Трамп.

Запрашан да го прокоментира својот твит, Трамп изјави:

-Не почне трката во вооружување. Ќе ги надминеме сите во секој чекор и ќе ги надживееме – рече претседателот на САД.

Поврзани новости