Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека неговата земја ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто за кинески стоки почнувајќи од 4 март, и рече дека царините за Канада и Мексико, исто така, ќе стапат на сила на тој датум.
Обвинувајќи ги трите земји за олеснување на влезот на дрогата фентанил во САД, Трамп на својата социјална мрежа напиша дека „додека ова зло продолжува или не е сериозно контролирано, најавените тарифи (против Канада и Мексико) ќе стапат на сила на 4-ти март, како што е предвидено“, додека дополнителни царини од 10 проценти ќе бидат воведени и за Кина.
Кинеските производи се цел на царини од 10 отсто од почетокот на февруари, на што Пекинг одговори со целни доплати за американскиот извоз.
Што се однесува до Канада и Мексико, Трамп вети дека ќе воведе царина од 25 отсто на нивниот извоз на почетокот на февруари поради илегалната имиграција и шверцот на фентанил, смртоносен синтетички опиоид што предизвикува хаос во САД.
Неколку часа пред тие тарифи да стапат на сила, Трамп рече дека тие се одложуваат за 30 дена за двете земји.
Американскиот претседател денеска изјави дека рокот истекува во вторник на 4 март.