Трамп му честиташе на Путин за успешно спроведеното Светско првенство

by fokus

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најпрво му честиташе на претседателот на Русија, Владимир Путин, за добро изведеното Светско првенство во фудбал кое се одржа во Москва, на почетокот од средбата која се одржува денеска во Хелсинки.

Авионот на Путин слетал во Хелсинки околу 12 часот, половина час подоцна од планираното, односно најавеното. Околу 12.40 часот пристигнал во палатата со поглед на Балтичкото море.

На почетокот од децениската средба, Трамп изјави дека со Путин ќе разговараат за трговските врски, за Кина и за нуклеарното вооружување.

-Изминативе години нашите земји не се согласуваа во многу работи, но верувам дека ќе изградиме пријателство. Ќе разговараме за трговските релации, за нуклеарното вооружување, пред се за Кина/ Ние сме две нуклеарни сили, имаме 90 отсто од нуклеарното вооружување, и тоа е лошо, се надевам дека ќе направиме нешто околу тоа, затоа што е негативна сила, а не позитивна – рече Трамп.

Двајцата претседатели ќе разговараат во четири очи неколку часа. Ќе имаат заеднички работен ручек, или вечера, а по разговорот ќе биде одржана прес-конференција.

Поврзани новости