Трамп: Моите поддржувачи ќе имаат многу силен глас уште долго време

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска нагласи дека неговите поддржувачи и сите Американци кои гласаа за него на изборите во 2020 година во САД ќе имаат „многу силен глас уште долго време“.

„75.000.000 големи американски патриоти кои гласаа за мене, Америка на прво место и ние ќе ја направиме Америка повторно голема, ќе имаат многу силен глас уште долго време. Тие нема да бидат непочитувани или третирани неправедно на кој било начин и форма”, објави Трамп на Твитер.

Откако неговите приврзаници упаднаа на Капитол по насилни протести во Вашингтон во средата, Трамп вети дека ќе обезбеди „уредена и непречена“ транзиција на власта на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на 20 јануари.

Поврзани новости