Трамп ја повика „нечесната Хилари“ да се вклучи во претседателската трка

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика денеска Хилари Клинтон да се вклучи во претседателската трка пред изборите во 2020 година.

– Мислам дека нечесната Хилари Клинтон треба да се приклучи и да се обиде да ја украде од ултралевичарката Елизабет Ворен, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека има само еден услов.

Тој истакна дека „нечесната мора да ги објасни сите свои злосторства и прекршоци, вклучувајќи и тоа како и зошто избришала 33.000 мејлови по добивањето судска покана“.

Поврзани новости