Американскиот претседател Доналд Трамп остварил „многу добар и продуктивен“ разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа и додаде дека Трамп се надева дека Украина и Русија ќе постигнат договор следната недела за предложеното 30-дневно примирје.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која денеска се обрати пред новинарите на брифинг во Белата куќа, повтори дека средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин следната недела на Блискиот Исток нема да има.
Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, објави дека синоќа разговарал со Трамп за прекинот на огнот во Украина. Макрон рече дека го поздравува јасниот повик на Трамп за безусловно примирје од 30 дена.
„Украина се согласи на ова примирје пред речиси два месеци. Сега очекувам и Русија да го стори истото. Во спротивно, ќе бидеме подготвени решително да одговориме, заедно со сите Европејци и во тесна координација со Соединетите Американски Држави“, напиша францускиот претседател.