Трамп и Меланија се вакцинирале против Ковид-19 во јануари

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија биле вакцинирани против корона вирус во јануари, додека сè уште биле во Белата куќа, дознаваат локалните медиуми од сигурни извори.

За разлика од Џо Бајден, кој се вакцинираше на 21 декември, што беше пренесувано во живо на телевизија, неколку недели пред да дојде на власт, Трамп никогаш јавно не кажа дека е вакциниран.

– Претседателот Трамп и првата дама беа вакцинирани во Белата куќа во јануари, изјавил за локалните медиуми извор близок на поранешниот претседател, без да наведе други детали.

Поврзани новости