Трамп го разреши секретарот за одбрана на САД

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп твитна денеска дека го разрешил Марк Еспер од функцијата секретар за одбрана.

Трамп на Твитер објави дека Кристофер Милер, директор на Националниот центар за антитероризам ќе биде нов секретар за одбрана.

Претседателот на САД му се заблагодари на Еспер за досегашната работа.

Поврзани новости