По многубројните критиките од двете партии за тоа дека го разгорил насилството во Капитолот на САД во средата, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави видео на Твитер во кое директно ги осуди сторителите на насилството и ја смируваше ситуацијата.
Тој рече дека нема дилема дека новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари, демократски и уредно, пренесува Гардијан.
Во видео обраќањето го осуди насилството и бруталниот упад на илјадници негови приврзаници.
„Како и сите Американци, згрозен сум од сцените на насилство, беззаконие и хаос. Веднаш наредив да се распореди Националната гарда и сојузната полиција за да се обезбеди зградата(Конгресот) и да се протераат натрапниците“, рече Трамп.
По притисок на негови соработници, голем број републиканци, демократи и американската јавност, Трамп конечно реши да се повлече.
Тој два месеца одбиваше да го признае поразот од Џо Бајден, што резултирашее со насилство.
Вчера почина и петтата жртва од насилните демонстрации и упадот во Капитол Хил. Полицаец подлегна на повредите здобиени во борба со насилниците.