Трамп го отпушти Џејмс Коми шефот на ФБИ

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени директорот на ФБИ Џејмс Коми со што ја испочитува препораката на државниот обвинител Џеф Сешнс, дека Коми не е способен ефикасно да го води уредот.

Лидерот на деморкатите во Сенатот, Чак Шумер побара да се назначи специјален обвинител за истрагата за руското мешање во изборите за да јавноста добие конкретна причина за смената на Коми.

„Имајќи во предвид дека претседателот го отпушти директорот Коми, која било личност што тој ќе ја назначи да ја води руската истрага, тој или таа ќе бидат загрижени дека ќе ги снајде иста судбина како директорот Коми ако најдат вина во Белата куќа. Американскиот народ мора да има доверба дека ваква сериозна истрага ќе се спроведува неприсрасно и без сомнение“, изјави Шумер.

Коми ја загуби довербата меѓу демократите поради начинот на кој ја водел истрагата за електронската пошта на Хилари Клинтон.

Поврзани новости