Трамп ги повика демонстрантите да си одат дома: Ве сакаме, многу сте посебни

by fokus

По упадот во Конгресот на поддржувачите на Доналд Трамп, тој во видео обраќање ги повика да си одат дома, иако како што рече, биле украдени на изборите.

-Знам дека ве боли, знам дека сте повредени. Бевме украдени на изборите, сите тоа го знаат, особено другата страна. Но сега мора да си одите дома, мораме да имаме мир, да имаме закон и ред. Не сакаме никој да биде повреден. Никогш немало вакво време, ова беше измама. Ама не може да играме за нив, мора имаме мир. Затоа одете дома, ве сакаме, многу сте посебни, видовте што се случи. Знам како се чувствувате, ама одете дома, одете во мир, рече Трамп.

Поврзани новости