Тракторот не бил закочен и го прегазил додека работел на нива

by Fokus

Шеесет и седумгодишник бил прегазен од трактор додека работел на нива, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 08.50 часот во Полициската станица Кавадарци од Јавната здравствена установа Кавадарци било пријавено дека кај нив бил донесен повреден В.Ј. (67) од с.Сирково. Во 07.00 часот во нива лоцирана во близина на с.Сирково, додека ја закачувал приколката на својот трактор, тракторот кој не бил закочен почнал да се движи при што В.Ј. паднал од тракторот и бил прегазен. В.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот  извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Поврзани новости