Тракторист го удрил додека возел со мопед, со тешки повреди пренесен на скопските клиники

by fokus

Вчера околу 16:10 часот на крстосница во село Блатец, виничко, се случила  сообраќајна незгода помеѓу трактор „Масеј Фергусон“ со штипски регистарски ознаки управуван од С.Н.(61) од село Блатец и мопед „АПН 6“ исто така со штипски регистарски ознаки управуван од С.Т.(46) од село Липец, виничко.

Во незгодата С.Т. се здобил со тешки телесни повреди  и по укажаната лекарска помош во болницата во Кочани е препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости