Трајко Вељаноски утре ќе сведочи за 27 април

by fokus

Со сослушување на четворица сведоци, меѓу кои и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски, утре во Кривичниот суд во Скопје ќе продолжи судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Во попладневниот дел од денешното рочиште даваа исказ сведоците Ѓорѓи Симоновски и Трајче Георгиев на обвинетиот Душко Лазаров.

Душко Јанковиќ, адвокатот на Лазаров побара од Симовски да го опише неговиот работен ден на 27 април 2017 година, кој во тоа време бил член на Оперативниот штаб.

Симовски ги наведе сите тековни активности и ангажмани согласно тогашните протести во земјата. Откако биле информирани дека ќе се избира нов претседател на Собрание, а потоа и дека граѓани ги туркаат вратите, Лазаров дал наредба да се обидат од внатре во Собранието да ги затворат вратите и побарал дополнителни сили.

Рече дека потоа добиле дојава дека состојбата е смирена, а по кратко време преку радио-врска биле информирани дека граѓани ги туркаат оградите. Како што рече, Лазаров бил во напната состојба, истовремено давал насоки и до членовите на Оперативниот штаб да се зајакнат службите во Собранието.

На прашањето од Јанковиќ кој го посетил тој ден во Оперативниот штаб, Симовски одговори дека во канцеларијата пристапил тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу, како и други луѓе од кои повеќето не ги познавал.

– Како што влезе Нухиу почна да вика нејасни работи: „кај е овој, не се јавува“, „ги утепаа пратениците“„викајте специјални сили“, „да се спасат пратениците“… објасни Симовски.

Рече дека тој го информирал министерот дека двајца од лицата кои ги побарал биле на годишен одмор.

Обвинетиот Игор Југ, при вкрстено испрашување го праша Симовски дали ќе се согласи дека никој од присутните во штабот не укажал дека некој од странски служби ќе биде во Собранието, на тоа сведокот посочи дека вообичаено во Оперативен штаб членува човек од Управата за безбедност и контраразузнавање кој треба да ги има тие информации, но во тој немало никој од УБК.

Сведокот констатираше дека жалосно е тоа што се случува во Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека на 27 април имало голем пропуст.

Поврзани новости