Трајко Вељаноски: Кој ќе изгуби, да го признае поразот

by Фокус 08:43
08:43

На 27-ми вечерта политичките партии што ќе изгубат, да им честитаат на политичките партии што ќе победат и на тој начин да се создаде една позитивна атмосфера по завршувањето на изборите за онаа политичка партија што ги добила изборите да може да го реализира она што го ветила, изјави вчера претседателот на Собранието Трајко Вељаноски пред митингот на ВМРО-ДПМНЕ во скопски Бутел.

Според Вељаноски до сега сме имале негативна клима, една клима во која што опозицијата секогаш наоѓаше изговор за своите неуспеси и не би требало тоа да го прави сега

- Advertising -

– Јас сум задоволен како течеше до сега изборниот процес, не гледам никаква замерка. И на 13. април немаше ниеден приговор во однос на изборниот процес, дури немаше никакви екцеси, кои што ги имаше во минатите изборни процеси. Јас се надевам и убеден сум дека до недела така ќе биде. Во недела македонскиот граѓанин ќе излезе, ќе го даде својот глас. И јас секогаш кажувам, тоа е моја девиза – македонскиот граѓанин е најпаметен, граѓаните најдобро знаат за кого треба да го дадат гласот – изјави Вељаноски.

Поврзани новости