Трајчевски: Ад хок телото произволно ќе одлучува за баланс во медиумите

by fokus

Членовите на ад хок телото по сопствено убедување ќе одлучуваат дали известувањето на медиумите ќе биде избалансирано во овие 80 дена до почетокот на изборната кампања, тврди директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Методологијата што беше укината опфаќаше период од 80 дена пред избори, во којшто период медиумите со последните измени на Изборниот законик имаат обврска да известуваат избалансирано. Бидејќи во законот не беа предвидени правила за тоа што значи избалансирано известување, Агенцијата одлучи да го искористи францускиот модел, каде што надвор од изборниот период се мери балансираноста и тоа го преточивме во методологија. На барање на политичките партии, односно нивниот меѓусебно потпишан договор, побараа да се врати методологијата од 5 јануари оваа година. Разликата меѓу овие две методологии е во тоа што во оваа методологија што е сега на сила нема дефинирано критериуми за тоа што значи избалансирано известување 80 дена пред избори и начинот на известување дали некој медиум ќе известува изблансирано или не се остава на волја на членовите на ад-хок комисијата, вели Трајчевски за Радио Слободна Европа.

Поврзани новости