Трајановски: Верувам дека граѓаните ќе поддржат нови проекти

by Фокус

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, по денешното гласање на локалните избори изјави дека верува оти граѓаните ќе го поддржат за уште еден градоначалнички мандат.

– Мислам дека граѓаните на Градот Скопје ќе дадат поддршка на оние кои што имаат реализирано проекти и оние кои што ветуваат и оние кои што нудат нови проекти за подобро и поубаво Скопје – рече Трајановски, изразувајќи надеж дека гласањето ќе помине во фер и демократски услови.

Поврзани новости