Трајановски го барал Шилегов, тој не му се јавил: Бев зафатен решавајќи ги проблемите кои ги остави

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашниот дуел со Коце Трајановски на Канал 5 потврди дека во една прилика Трајановски го побарал на телефонот, но тој не можел да му одговори.

-Од овие две години, година ипол потрошив решавајќи ги проблемите кои ми ги остави господинот Трајановски. И веројатно поради тоа не се нашло време да се слушнам со него. А го немав неговиот број во именик, за јас да го побарам. Паралелено со санирање на проблемите, треба да ја спроведувате и својата кампања. Јас сум прв човек во историјата на Скопје кој е избран за градоночалник во прв круг, со седум противкандидати, рече Шилегов.

 

Поврзани новости