Трајановски до Шилегов: Дали ќе го смените името и на улица Македонија?

by Фокус
Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски го критикуваше актуелниот градоначалник Петре Шилегов поради тоа што предлага да се вратат старите имиња на дел од улиците, кои беа променети за време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не може наместо Христо Татарчев да го вратите партизанскиот командант Сава Ковачевиќ кој не е од Македонија! Не може наместо Митрополитот Теодосиј Гологанов да го вратите партизанскиот херој Иво Рибар Лола кој исто не е од Македонија! Не може наместо Аминта Трети да го ставите Ленин, најголемиот комунистички лидер! Не може наместо Павел Шатев да ја ставите улица Бихачка од БиХ! Не може наместо Борис Сарафов да ја ставите улицата 4 Јули. Има уште многу примери со кои ќе ги бришете и понижувате хероите кои своите животи ги дале за Македонија. На крајот ќе ве прашам дали ќе го смените името на улица Македонија и плоштадот Македонија. Тоа би било нешто со кое вашите спонзори ќе доживеат катарза“, напиша Трајановски на фејсбук.
Тој додаде дека следната градска власт ќе ја исправи оваа, како што рече, неправда.

Поврзани новости