Трајанов: СЈО требаше да биде коректор на неправдата

by Fokus

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24 говореше за состојбата со СЈО во Македонија. Како што истакна тој, СЈО требало да биде коректор на неправдата, но не ги исполнило очекувањата.

„Преку обновата на политичките процеси преку новиот закон за обнова на политички мотивирани случаи треба да се порача – никој да не прави на никого она што не сака него да му се прави. Со докажување на правдата, не се руши правниот систем, туку се јакне. Не може во 21 век преку монтирани процеси да страдаат луѓе, ако актуелната власта не се замара со овие прашања, илузорно е да сметаме дека ќе има и во иднина вакви закони. Ова е најлегален начин, повторување на постапката за да се дојде до вистината. Ако се докаже дека некој е невин, неосновано е осуден, може да се бара оштетно побарување, интенција е рехабилитација и тоа правна. Една од основните цели е преиспитување на работата на секој што бил вклучен, работата на јавниот обвинител, на УБК, ќе се види улогата и на судиите, и тоа ќе биде основа за евентуална постапка за нив. СЈО требаше да биде коректор на неправдата, но кородираше, потпадна под бизнис влијанија, и тука крахиравме како систем. Се одеше на политички компромис, а штом се вклучат партиите во договор за раководење на правдата, сведоци сме на корумпирано обвинителство со големи последици“ – вели Трајанов.

Поврзани новости