Самитот на НАТО во Мадрид е можност да се објасни штетноста на бугарската блокада за европската интеграција на РСМ и за единството во НАТО, повикува лидерот на владејачкиот Демократски Сојуз, Павле Трајанов.
-Пред премирите или претседателите на најмоќните членки на НАТО, Пендаровски може да се пофали со целосно усогласена надворешна политика со политиките на НАТО и ЕУ, поврзани со инвазијата на Русија над Украина, меѓу кои и помошта на Украина и санкциите кон Русија. Геостратегиски интерес е Македонија да биде членка на ЕУ, при што отворањето на поглавјата клучни за евроинтеграција ќе ги маргинализира или целосно ќе ги парализира силите кои сакаaт Македонија да буде црна дупка на Балканот. Нема потреба да бидеме молчеливи. Само ако имаме јасни ставови и аргументи и ако ги актуализираме, тогаш можат да нѐ разберат и другите, а Бугарија да сфати дека со блокадата на Македонија прави огромни штети и го руши единството во НАТО“, аргументира лидерот на ДС.
Според него, францускиот предлог за надминување на спорот наметнат од Бугарија, само ги зајакна позициите на Бугарија и нивната агресивна негаторска политика, при што, наместо да прокламира европски вредности и принципи, нѐ враќа во балканската историска кал.
Павле Трајанов смета дека самитот на НАТО во Мадрид е одлична можност да се објасни штетноста на бугарската блокада за единството во Алијансата.