Трајанов: Нема услови за предвремени парламентарни избори

by Fokus

Првиот човек на Демократски сојуз, Павле Трајанов во своето гостување во Студио 10 на ТВ 24 порача дека неговата партија донела одлука за подготовки за самостоен настап на локалните избори.

„Денеска ќе продолжиме со разговорите со ДОМ и со ЛДП ќе поразговараме и со СДСМ, сите три партии. Очекувам и се надевам дека локалните избори нема да има причина да се одложат. Мислам дека за парламентарни избори нема услови. Треба Владата да го истера мандатот, а вака постојано сецкање на работата на Собранието, ќе се блокираат многу процеси. Треба да имаме една порелаксирана атмосфера. Сега ги подготвуваме листите за градоначалници и за носители на листи, во 60-тина општини ќе имаме кандидати за советници, во 30-тина општини ќе имаме кандидати за градоначалници. Наскоро ќе ја промовираме новата коалиција“ , кажа Трајанов

Поврзани новости