Трајанов бара сите попишувачи задолжително да се вакцинираат

by Фокус

Попишувачите на претстојниот попис на населението задолжително да се вакцинираат, за да се заштитат себеси и другите при посетата на домаќинствата, бара претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов.

-Со пописот се очекува да бидат опфатени сите државјани, но и прецизно да се утврди бројот на тие што живеат во Македонија – рече Трајанов на ТВ 24.

Тој предложи во подготовката на Методолигијата за попис да се вклучат експерти од сите партии, со што, според него, може да се обезбеди поддршка на пописот од сите страни.

Поврзани новости