Трајанов бара повторување на постапката за монтираните судски случаи

by Фокус

Демократскиот сојуз апелира Советот за реформи на правосудниот систем сериозно и со продлабочена анализа да пристапи кон иницијативата за создавање законски основи за преиспитување на судските одлуки засновани на фабрикувани факти и докази.

Од партијата на Павле Трајанов предлагаат да се донесе закон за повторување на постапката и шанса за фер судење во фабрикуваните случаи каде судските одлуки се донесени со кршење на презумција на невиноста, кога е користен лажен заштитен сведок или одлуката е заснована на прислушкувани разговори извадени од целината и контекстот на разговорот.

„Само со обнова на фабрикуваните полициско-судски случаи ќе се разоткријат креаторите на овие случаи во политичките водства, полицијата, обвинителството и судот“, истакнуваат од партијата.

Поврзани новости