Трагедија во Босна: Осум тинејџери се задушија со плин за новогодишната ноќ

by Fokus 13:41
13:41

Осуммина млади луѓе се задушија синоќа со плин во близина на градот Посушје во БиХ.

– Вистина е. Осуммина млади лица настрадаа, соопшти Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговскиот кантон.

- Advertisements -

Локалните медиуми објавија дека, според неофицијалните информации, во викендица биле пронајдени тела на осум тинејџери, а станува збор за средношколци и студенти. Младите луѓе најверојатно се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Весникот „Дневни Аваз“ пишува дека трагедијата се случила во викендица во Паркот на природата Блидиње

Поврзани новости