Трагедија кај Струга, загина 17-годишен велосипедист

by Fokus

Во неделата, во 11 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу село Подмоље и Авто камп, патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Р.(21) од Струга удрило во 17-годишен велосипедист од село Ливада, струшко.

Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. К.Р. била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде ѝ биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид.

Поврзани новости