Товарно возило паднало во Вардар

by fokus

Товарно возило попладнево околу 18 часот движејќи се на регионалниот патен правец Зелениково – Таор, изгубило контрола, ја пробило оградата и паднало во реката Вардар, соопшти Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК. Засега нема информации за жртви.

Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него.

– Известено е Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патни правци се со цел за преземање на мерки и активности во нивната надлежност. Посочено им дека е потребно итно да се излезе на местото на настанот за да се постави соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да се изврши санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението. Тоа е и направено. Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности, соопштија од ЦУК.

Поврзани новости