Тоти се исповеда: Поранешната сопруга прва почна да излегува со други

by Фокус

Легендарниот капитен на Рома Франческо Тоти неодамна се разведе со Илари Блази, со која беше во брак две децении. Нивната врска сега е минато и двајцата имаат други животни сопатници. Во Италија долго време се шпекулира за причините за разводот, а Тоти сега за првпат реши да се исповеда со интервју за „Кориере дела Сера“.

-Не е вистина дека јас сум тој кој прв изневеруваше. Реков дека нема да зборувам за ова во јавноста и така беше досега, но прочитав премногу глупости изминативе седмици, а со тоа се повредија и моите деца. Вистината е дека нашата криза започна во март или април минатата година, но веќе подолго време страдавме заедно. Минав низ многу тежок период. Прво, престанав да играм фудбал, потоа дојде смртта на мојот татко поради Ковид 19. И јас многу тешко го минав коронавирусот и цели 15 дена бев многу лошо. Кога најмногу ми беше потребна сопругата, таа не беше тука крај мене. Сепак, кога доаѓа до разделба, за тоа се потребни две страни. Вината е 50-50, требаше да бидам поблизок со неа и да бидам крај неа – рече Тоти.

Тој додаде дека првите сомнежи дека го изнверува дошле во септември минатата година.

-Почнаа блиски луѓе да ми зборуваат дека има некој друг во животот. Тоа ми го кажаа повеќе луѓе и поради тоа, направив нешто што немав направено 20 години. И го отворив телефонот и видов дека има трето лице кое служи како посредник за средба со друго лице во хотел. Тоа не беше паметно од моја страна, но морав да го направам. После тоа паднав во депресија и имав доказ дека тоа е крајот. Не можев да спијам, се преправав дека не се случило ништо, но веќе не бев истиот. Излегов од тоа благодарение на Ноеми, мојата нова сопатничка. Сепак, Илари почна да излегува со други уште јас пред да се запознам со Ноеми – открива Тоти.

Поврзани новости