Тотенхем го отпушти Мурињо

by Fokus

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо повеќе нема да биде тренер на Тотенхем објавија „Телеграф“ и уште неколку други британски медиуми.

Според нив, управата на лондонскиот клуб одлучила да го отпушти 58-годишниот Мурињо.

„Специјалниот“ ја презеде тренерската функција на Спарс во ноември 2019 година. Неговиот договор беше важечки до летото 2023 година.

По 32 одиграни кола во Премиер лигата, Тотенхем е на 7. место во поредокот со 50 бода.

Поврзани новости